ПОВИК за ВОЛОНТЕРИ _Skopje light art district 2020

Повик за волонтери за третото издание на Skopje light art district 2020 кој ќе се одржи од 19 – 22 август оваа година.

Потребно е да издвоиш само неколку минути за да го прочиташ овој повик и да дознаеш како да бидеш дел од третото издание на Skopje light art district_19-22 август.

Ако не си бил во можност да волонтираш на некое од претходните изданија, токму сега ТИ имаш можност да да бидеш дел од оваа уникатна и единствена приказна во градот, да станеш дел од четиридневниот интернационален Фестивал на светлина.

Пофали им се на другарите и твоите дека токму ТИ сакаш да станеш волонтер и да имаш искуство за паметење и раскажување.

Ако си млад или стар, ако си средношколец или студент, ако си вработен или невработен, ако си полн со енергија и ентузијам, тогаш токму ТИ си ни потребен:

Ќе запознаеш и ќе работиш со еден _куп cool уметници, перформери, музичари и продуценти, од земјава и странство,

ќе научиш _куп нови работи и ќе стекнеш еден _куп нови пријателства.

Не заборавај дека ќе имаш еден _куп приказни за раскажување на другарите од клас, на колегите од факултет, на шефот на работа и на другарите од маало

Бараме вкупно 15 волонтери, и тоа:


> 2 продуценти, кои ќе ни помогнат да ги изработиме и поставиме делата низ градов
> 2 ПР и маркетинг, кои ќе се погрижат сите да дознаат за настанот и да документираат што се случувало во тие 4 дена
> 3 куратори, кои ќе им ги покажат и претстават делата на нашите посетители
> 2 фотографи и кинематографи, кои ќе го документираат целиот настан со фотографии и видеа
> 4 инфо поинт промотори, кои ќе ги насочуваат залутаните посетители

Што е потребно?

 

Потребно е да ја пополниш оваа апликација, најдоцна до 02 август 2020.

Те очекуваме! :)

Контакт: 071/216 820

SKOPJE LIGHT ART DISTRICT

EMAIL & SUBSCRIBE

WE SOCIALIZE

DOWNLOAD APP

© 2018 SKOPJE LIGHT ART DISTRICT