CALL 2021
ЈАВЕН ПОВИК
за избор на предлог концепти во рамките на Фестивалот на Светлината
“Skopje light art district 2021”
Четвртото издание на СкЛАД коe ќе се одржи оваа година, претставува уште една атракција во градот Скопје, фокусирајќи се на креативната енергија за поврзување на историјата.
SKOPJE LIGHT ART DISTRICT 2021 – THE SUN
Годинешната тема на Skopje light art district e сонцето, кoe e непресушен извор на светлина и бесконечна енергија.
Сонцето е ѕвезда во центарот на нашиот сончев систем. Тоа е џиновска жешка топка од загреани гасови кое блеска благодарение нуклеарната фузија во неговото јадро. Со температури од 15 милиони целзиусови степени, Сонцето зрачи со огромна количина на енергија, во вид на светлина и инфрацрвени зраци, кое го создава и оддржува животот на Земјата. Врската помеѓу Сонцето и Земјата го создаваат целокупниот живот, времето, климата, промената на годишните времиња, океанските струи, зрачните појаси и аурорите. Иако има милијарди sвезди како Сонцето расфрлани низ нашата галаксија, нашето Сонце е посебно за нас. Затоа уште од самите почетоци на човештвото го симболизира го животот, врховната моќ, космичката енергија и животната сила што им овозможува на сите нешта да напредуваат и да растат. Сонцето се користи како симбол на моќ, енергија, сила и повторно раѓање. Претставува херој, големо космичко око на небото, знаење, божественост… и многу повеќе.
Добредојдовте на сончевото издание на Skopje light art district!
Skopje light art district претставува линк што ги обединува уметноста, технологијата и науката, минатото, сегашноста и иднината, градот со природата преку употреба на јазикот на светлината.
СКЛАД е основан во 2018 година, со цел да создаде нов културен и општествен настан со фокус на светлосната уметност. Преку трите претходни изданија, во 2018, 2019 и 2020 година, СКЛАД успешно го претстави Скопје на мапата на европски фестивали на светлината, презентирајќи светлосни инсталации и уметност во нови медиуми на водечки уметници од светот, преку истакнување на домашната уметничка сцена. СКЛАД исто така цели да создаде соработка со други регионални настани и фестивали на светлината, сорабтока со која веруваме дека ќе ја зајакнеме важноста на Скопје како нов центар за современа уметност.
За таа цел, со огромно задоволство ЈУ Универзална сала – Скопје и градот Скопје го објавуваат следниот
ЈАВЕН ПОВИК
за избор на предлог концепти во рамките на Фестивалот на Светлината
“Skopje light art district 2021”
Фестивалот на светлината – Skopje light art district e културно-општествен настан, кој преку најразлични светлосни инсталации и видео проекции поставени на различни локации во градот кои се протегаат по замислена рута, почнувајќи од Жена парк, преку зградата на Пошта, па се до Градскиот парк во Скопје, во периодот од 8 – 11 септември оваа година.
Повеќе информации за локациите можете да најдете на следниов линк: https://www.skopjelightartdistrict.com/mk-call-2020
Право на учество
На конкурсот право на учество можат да земат сите заинтересирани автори кои креираат во сферата на светлосната уметност, светлосни инсталации, видео арт или го користат светлото како главен метод на визуелно и уметничко изразување.
На конкурсот се повикуваат сите заинтересирани учесници да аплицираат за целосна или делумна продукциска/финансиска поддршка, но и учесници кои не бараат никакви финансиски средства, а се пријавуваат за фестивалски настап со конкретен проект/активност.
Услови за финансирање
За добивање на финансиските средства за спроведуавање на фестивалот "Skopje light art district 2021",
физичко или правното лице треба да ги исполни следните услови:
-
Физичкото или правното лице да аплицира со инвентивен концепт или дело од областа на светлосната уметност (фокус на Фестивал на светлината), Истиот може да биде во партнерство со национални, јавни, приватни или независни институции и организации од областа на култура, наука и/или технологија.
-
Апликации за одредена локација треба се во склад со местото, опкружувањето и историското значење на објектите на локацијата.
-
Апликациите треба да ги исполнуваат барањата на овогодинешната тема на конкурсот: зачувување на животната средина и подигнување на еколошката свест
-
Физичкото или правното лице да има портфолио од најмалку три (3) реализирани проекти од областа на светлосната уметност или креативните индустрии.
-
Во рамките на видео мапирањето, сите учесници ќе добијат награда за учество, а победникот ќе ја добие главната награда.
Начин на аплицирање
Сите заинтересирани кандидати, потребно е да ги пријават своите дела или концепти на официјалниот емаил на фестивалот skopjelightartdistrict@gmail.com или во адресирано плико до ЈУ „Универзална сала“, по пошта на адреса:
бул. „Партизански одреди“ 45, или лично во архивата на ЈУ „Универзална сала“, заклучно со 31.05.2021 година.
Со пријавата, заинтересираните кандидати задожително треба да достават:
· Наслов, детален опис, скици, концепт на предлог проектот, проект дизајн, програма со предлог финансиска конструкција
за реализација на истата.
· Да се наведе локација за која се аплицира од локациите кои се обележани на веб – страницата
· Фотографии и/или видео од делата доколку истите биле претходно изложени
· Потребна опрема за реализација на делото
· Професионално портфолио
· Кратка биографија/CV
Трудовите ќе ги оценува стручна комисија, а за резултатите од Конкурсот, одбраните учесници ќе бидат информирани по емаил, најдоцна до 01.07.2020 година.
Пријавените дела кои имаат поврзаност со локацијата за која аплицираат, ќе имаат предност во процесот на избор.
Комисијата го задржува правото да ги промени локациите на патеката, зависно од потребите .
Пријавите со непотполни податоци, како и тие кои нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.
Дополнителни информации и појаснувања може да се добијат на телефон 071/216 - 820 или на официјалната емаил адреса: skopjelightartdistrict@gmail.com
НАТПРЕВАР ВО ВИДЕО МАПИРАЊЕ
Овогодинешниот натпревар во видео мапинг традиционално ќе се одржи на фасадата на зградата на МЦМ во Скопје.
Сите заинтересирани кандидати е потребно да достават концепт предлог видео, во времетраење од 2:00 – 3:00 минути. Стручната комисија ќе избере 5 предлог видео концепти кои ќе бидат поканети да учествуваат во натпреварот. Финалистите ќе добијат наградата во вредност од 500 евра, а победникот на Натпреварот ќе добие 1000 евра.
Начин на аплицирање
Сите заинтересирани кандидати, потребно е да ги пријават своите концепти на официјалниот емаил на фестивалот skopjelightartdistrict@gmail.com, со наслов Video Mapping Contest, најдоцна до 31.05.2021 година.
Со пријавата, заинтересираните кандидати задожително треба да достават:
- Наслов, детален опис, и концепт на предлог проектот
- 2:00-3:00 минутно видео за мапинг концепт дизајниран за зградата на МЦМ
- Кратка биографија/CV
Трудовите ќе ги оценува стручна комисија, а за резултатите од Конкурсот, одбраните учесници ќе бидат информирани по емаил најдоцна до 01.07.2021 година.
Дополнителни информации и појаснувања може да се добијат на телефон 071/216 - 820 или на официјалната емаил адреса: skopjelightartdistrict@gmail.com
На следниов линк можете да ги преземете потребните материјали за зградата на МЦМ:
Локација 1
Парк Жена-борец
Локација 2
ГТЦ скали
Локација 3
ГТЦ зелен покрив
Локација 4
сквер Јадран
Локација 5
Плочник
Локација 6
Пасаж Ленинова
Локација 7
Круг Дебар Маало
Локација 8
Зграда-Боемска улица
Локација 9
Круг Боемска Улица
Локација 10
Калдрма Дебар Маало
Локација 11
Фонтана - Градски парк
Локација 12
Градски парк