CALL 2020

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на предлог концепти во рамките на Фестивалот на Светлината

“Skopje light art district 2020”

СКЛАД претставува линк што ги обединува уметноста, технологијата и науката, минатото, сегашноста и иднината, градот со природата преку употреба на јазикот на светлината.

Третото издание на СКЛАД коj ќе се одржи оваа година, претставува уште една атракција во градот Скопје, фокусирајќи се на креативната енергија за поврзување на историјата, симболот на Градот – стариот Камен мост со убавините на Градскиот парк во Скопје. Oд историјата, длабоко во природата, меѓу дрвјата и езерата. Градскиот парк во Скопје, белите дробови на нашиот бурен град не се само зелена и мирна оаза, туку и уникатно место за уживање за кое треба да се грижиме и на кое треба да бидеме горди. Барајќи инспирација во убавината и богатствата на паркот, имаме цел да ја истакнеме неговата ексклузивност преку создавање извонредно искуство каде се среќаваат природата, технологијата, науката и уметноста. СКЛАД 2020 сака да испрати порака за еколошкo одговорни одлуки и свест, да помогне во заштитата на животната средина и одржувањето на нејзините природни ресурси, со тоа што ќе ги потенцираме вредностите кои претставуваат живописен, нераскинлив и повеќе од потребен дел на нашиот град.

СКЛАД е основан во 2018 година, со цел да создаде нов културен и општествен настан со фокус на светлосната уметност. Преку двете претходни изданија, во 2018 и 2019 година, СКЛАД успешно го претстави Скопје на мапата на европски фестивали на светлината, презентирајќи светлосни инсталации и уметност во нови медиуми на водечки уметници од светот, преку истакнување на домашната уметничка сцена. СКЛАД исто така цели да создаде соработка со други регионални настани и фестивали на светлината, сорабтока со која веруваме дека ќе ја зајакнеме важноста на Скопје како нов центар за современа уметност.

 

За таа цел, со огромно задоволство ЈУ Универзална сала – Скопје и градот Скопје го објавуваат следниот

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на предлог концепти во рамките на Фестивалот на Светлината

“Skopje light art district 2020”

 

Фестивалот на светлината – Skopje light art district e културно-општествен настан, кој преку најразлични светлосни инсталации и видео проекции поставени на различни локации во градот кои се протегаат по замислена рута, почнувајќи од стариот Камен мост, преку зградата на МЦМ, па се до срцето на Градскиот парк во Скопје, во периодот од 27 – 31 мај оваа година.

Повеќе информации за локациите можете да најдете на следниов линк: https://www.skopjelightartdistrict.com/mk-call-2020

 

Право на учество

На конкурсот право на учество можат да земат сите заинтересирани автори кои креираат во сферата на светлосната уметност, светлосни инсталации, видео арт или го користат светлото како главен метод на визуелно и уметничко изразување.

 

На конкурсот се повикуваат сите заинтересирани учесници да аплицираат за целосна или делумна продукциска/финансиска поддршка, но и учесници кои не бараат никакви финансиски средства, а се пријавуваат за фестивалски настап со конкретен проект/активност.  

 

Услови за финансирање

За добивање на финансиските средства за спроведуавање на фестивалот "Skopje light art district 2020", 

физичко или правното лице треба да ги исполни следните услови:

 

  • Физичкото или правното лице да аплицира со инвентивен концепт или дело од областа на светлосната уметност (фокус на Фестивал на светлината),  Истиот може да биде  во партнерство со национални, јавни, приватни или независни институции и организации од областа на култура, наука и/или технологија.

  • Апликации за одредена локација треба се во склад со местото, опкружувањето и историското значење на објектите на локацијата.

  • Апликациите треба да ги исполнуваат барањата на овогодинешната тема на конкурсот: зачувување на животната средина и подигнување на еколошката свест

  • Физичкото или правното лице да има портфолио од најмалку три (3) реализирани  проекти од областа на светлосната уметност или креативните индустрии.

  • Во рамките на видео мапирањето, сите учесници ќе добијат награда за учество, а победникот ќе ја добие главната награда.

 

Начин на аплицирање

Сите заинтересирани кандидати, потребно е да ги пријават своите дела или концепти на официјалниот емаил на фестивалот или во адресирано плико до ЈУ „Универзална сала“, по пошта на адреса:

бул. „Партизански одреди“ 45, или лично во архивата на ЈУ „Универзална сала“, заклучно со 01.03.2020 година.

 

 

Со пријавата, заинтересираните кандидати задожително треба да достават:

 

·        Наслов, детален опис, скици, концепт на предлог проектот, проект дизајн, програма со предлог финансиска конструкција

         за реализација на истата.

·         Да се наведе локација за која се аплицира од локациите кои се обележани на веб – страницата

·         Фотографии и/или видео од делата доколку истите биле претходно изложени

·         Потребна опрема за реализација на делото

·         Професионално портфолио

·         Кратка биографија/CV

 

Трудовите ќе ги оценува стручна комисија, а за резултатите од Конкурсот, одбраните учесници ќе бидат информирани по емаил, најдоцна до 03.04.2020 година.

 

Пријавените дела кои имаат поврзаност со локацијата за која аплицираат, ќе имаат предност во процесот на избор.

Комисијата го задржува правото да ги промени локациите на патеката, зависно од потребите .

 

Пријавите со непотполни податоци, како и тие кои нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.

Дополнителни информации и појаснувања може да се добијат на телефон 071/216 - 820  или на официјалната емаил адреса: sklad2020@univerzalna.com.mk   

 

НАТПРЕВАР ВО ВИДЕО МАПИРАЊЕ

Овогодинешниот Натпревар во видео мапинг ќе се одржи на фасадата на зградата на МЦМ во Скопје.

Сите заинтересирани кандидати е потребно да достават концепт предлог видео, во времетраење од 2:00 – 3:00 минути. Стручната комисија ќе избере 5 предлог видео концепти кои ќе бидат поканети да учествуваат во натпреварот. Финалистите ќе добијат наградата во вредност од 500 евра, а победникот на Натпреварот ќе добие 2000 евра.

 

Начин на аплицирање

Сите заинтересирани кандидати, потребно е да ги пријават своите концепти на официјалниот емаил на фестивалот sklad2020@univerzalna.com.mk, со наслов Video Mapping Contest, најдоцна до 01.03.2020 година.

 

Со пријавата, заинтересираните кандидати задожително треба да достават:

- Наслов, детален опис, и концепт на предлог проектот

- 2:00-3:00 минутно видео за мапинг концепт дизајниран за зградата на МЦМ

- Кратка биографија/CV

Трудовите ќе ги оценува стручна комисија, а за резултатите од Конкурсот, одбраните учесници ќе бидат информирани по емаил најдоцна до 03.04.2020 година.

 

Дополнителни информации и појаснувања може да се добијат на телефон 071/216 - 820  или на официјалната емаил адреса: sklad2020@univerzalna.com.mk  

На следниов линк можете да ги преземете потребните материјали за зградата на МЦМ: 

Локација 1

Камени мост

1/2

Локација 2

Македонски народен театар

1/3

Локација 3

Мост Гоце Делчев

1/2

Локација 4

Меморијален музеј Мартиновски

Локација 5

кеј на река Вардар

Локација 6

Пешачки мост

1/2
1/2

1/2

Локација 7

Parc de la Francophonie

1/2

Локација 8

Езерце бр. 1 - Градски парк

1/2

Локација 9

зграда на МЦМ - Градски парк

1/2

Локација 10 

Школка - Градски парк

Локација 11

острво Езерце бр. 2 - Градски парк

Локација 12

Летниковец - Градски парк

1/2

1/1

1/2

Локација 13

Езерце бр. 2 - Градски парк

1/2

Локација 14

мост - Градски парк

1/2

Локација 15

Езерце бр. 3 - Градски парк

1/3

Локација 16

Обелиск - Градски парк

Локација 17

Љумфер - Градски парк

1/2

1/3
.png
  • Facebook
  • Instagram

SKOPJE LIGHT ART DISTRICT

EMAIL & SUBSCRIBE

WE SOCIALIZE

© 2018 SKOPJE LIGHT ART DISTRICT