SKOPJE LIGHT ART DISTRICT

EMAIL & SUBSCRIBE

WE SOCIALIZE

DOWNLOAD APP

© 2018 SKOPJE LIGHT ART DISTRICT

BECOME A SPONSOR

Ги покануваме сите заинтересирани да ни се приклучат во остварувањето на нашата мисија во реализирање на овогодинешното издание на Skopje light art district.

Skopje light art district, кој се организира во Скопје уште од 2018, е посветен на продукција и презентација на дела од современата визуелна уметност и уметност во нови медиуми, чие главно средство на изразување е медиумот на светлина.

Оваа година, ЈУ Универзална сала го организира третото издание на овој фестивал кој ќе се одржи во 4 вечери, почнувајќи од 26 мај, па се до 29 мај. Планирани се вкупно 22 локации кои се протегаат по замислена рута почнувајќи од Стариот камени пост, преку зградата на МЦМ во градскиот парк, па се до – Љумфер брдо- на која ќе биде понудена музичка програма од домашни изведувачи. Учество ќе земат преку 30 уметници, изведувачи и музичари од земјава и странство.

 

Потребата за организрање на ваков своевиден отворен музеј на отворено произлегува од малата посетеност на музеите, културните институции и галерии во Градот како и слабата едукација на граѓаните од областа на културата и култуното живеење. Токму овој фестивал на светлината, кој привлекува околу 150.000 посетители од различни социјално-економски категегории, оваа година ќе ја презентира и потсети врската помеѓу кулурното наследство, Стариот камен мост и модерното живеење, односно модерното живеење истакнато преку потребата од зелена еколошка свест, најголемата и единствена зелена површина во Градот, Градскиот парк. 

Целта на овој фестивал е преку презентација на светлосни инсталации и изведби во живо да создаде различна слика на градот, а истовремено да ја соочи пошироката пиблика со современата уметност. Со овој фестивал, се истакнува улогата на уметноста во секојдневниот живот како и улогата на уметникот во обликувањето на јавниот простор. Мисијата на нашиот фестивал е да го истакне градот како жив организам, простор за креативнтст што ја возбудува имагинацијата и диктира динамичен и истражувачки ритам на животот.

Постојат повеќе начини за станување на спознор на настанот: ексклузивен, платинест, златен или подржувач на настанот. Сите подетални информации, можете да ги преземете на следниов линк:

            

Контакт инфо:

stefan.aleksandar@univerzalna.com.mk

071/216 820

ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА ПОНУДАТА ЗА СПОНЗОРСТВО